Ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги намалува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 отсто во однос на одлуката од 18.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,907 отсто, кај дизелот за 2,173 проценти, кај екстра лесното за 2,145 проценти и кај мазутот намалувањето е за 3,096 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,73 проценти.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 3,00 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1,50 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 3,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,438 ден/кг и сега ќе изнесува 44,524 ден/кг. 

Од 22.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95          88,50 (денари/литар)


Моторен бензин Еуросупер  БС – 98          90,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)          90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    85,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                  44,524 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.11.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.