👁️  1013

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари.

Цените на бензините, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Ова се цените на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)