👁️  152

Хрватската комисија за одлучување за судир на интереси отвори случај против хрватскиот претседател Зоран Милановиќ бидејќи ја однел сопругата Сања Мусиќ Милановиќ на фудбалскиот натпревар меѓу Хрватска и Италија во Лајпциг, објави ТВ Нова.

Комисијата го добила извештајот – претседателот и неговата сопруга патувале со државен авион, и нагласуваат дека ќе ги испитаат сите релевантни факти и околности. Доколку се утврди дека има претпоставки за понатамошна постапка, Милановиќ ќе мора да даде изјава.

Комисијата претходно го отвори случајот за претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ, кој со својот син отпатува на мечот со Шпанија со државниот авион.