Отпочнување на вистинска борба за сузбивање на корупцијата и организираниот криминалитет

Автор: ПЕТКО БУРЛИЈОВСКИ

Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Претседател на невладината организација “ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.

Од страна на меѓународната заедница (САД и ЕУ) и сите меѓународни извештаи укажуваат да РМ е држава во која перманентно се зголемува корупцијата и организираниот криминалитет,насилниот криминалитет каде се употребува и огнерно оружје, впрочем тоа добро го знаат македонските граѓани. Корупцијата и организираниот криминалитет начесто се врши на највисико ниво, сторители на овај вид на криминал најчесто се учесници на власта поврзани со поедини бизнисмени, нивни роднини, пријатели поврзани со организирани банди.

Моето долгогодишно полициско искуство стекнато во криминалистичките служби укажува да сузбивањето на овие негативни појави можат да го вршат македонските државни органи потпомогнати со странски обуки и совети, со техничко доопремување и материјални награди, но истовремено и поголема одговорност за нив доколку ја злоупотребуваат службата.

За сузбивање на ваквите негативни појави, а кои ја нагризуваат државата и влијаат негативно на граѓаните потребно е да се превземаат следните активности:

1. Спроведување на законите кои се однесуваат за сузбивање на корупцијата и организираниот криминалитет подеднакво за сите без разлика на национална, верска, партиска, политичка, родбинска и др. врска

2. Превземање на одговорност согласно законите за сите за кои ќе се докаже да се огрешиле и извршиле кривични дела

3. Измена на одредени законски прописи од областа на Кривичната постапка со кои ќе му се олесни на чинителите задолжени за справување со корупцијата и организираниот криминалитет.


Тоа да се превземе предходно од функција да се разрешат досегашните високи функционери задолжени за борба против тој криминал и корупцијата. Тука би ги вброил следните:

Државниот Јавен Обвинител на РМ, Министерот на МВР, Министерот во владата задолжен за борба со корупцијата, Директорот за национална безбедност, Претседателката на државната комисија за спречување на корупцијата, Директорот на финансова полиција. Тие треба веднаш да се разрешат од функција, бидејќи не ја оправдале функцијата за која и се платени и не ги спречувале и откривале овие негативни појави и со неработење го одобрувале организираниот криминал и корупцијата.

Потоа веднаш на нивни места да се постават нови кадри со завршени соодветни образованија (во полицијата вработени се кадри со музички, земјоделски и други несоодветни факултети, а некои од нив се и на високи позиции), со работно искуство и доокажани во професијата во тие области но чесни и авторитетни кадри.

Тие нови кадри најпрво би ги завршиле познатите криминални случаеви во јавноста, а тоа е завршување и затворање на учесниците во случајот„ Маџар телеком“ каде беа вмешани високи функционери од РМ, а кој случај го работеа и американските власти. Втор случај се фалсифукуваните полагања на правосуден испит спротивно на законските прописи(плагале правосуден испит со незавршен правен факултет) каде услов за полагање на тој испит е завршен правен факултет со 300 кредити и 1 година работно искуство во правосудните органи или во адвокатурата.

Сите тие актери од висок круг како министер,професори, членови на комисии и др. вмешани во тој случај согласно законот да одговараат кривично и на сите кои на тој начин го полагале правосудниот испит да им се одземат уверенијата и со закон да им се забрани да работат во правосудните органи.

Само со превземање на итни првични активности од страна на чинителите задолжени за сузбивање на корупцијата и организираниот криминалитет ќе се пресече главата на ламјата но и превентивно ќе влиае на оние кои во иднина планирале, а вршат кривични дела да се откажат во намерта. Со вакви брзи и ефикасни активности од страна на државните органи задолжени за сузбивање на корупцијата и организираниот криминалитет странската, а особено македонската јавност ќе се убеди да владата ќе води немилосрдна борба против корупцијата и организираниот криминалитет, се друго ќе биде фарса. Накрај напоменувам да онај кој го создал проблемот неможе и да го реши.


13.12.2022 год.
Битола