👁️  2350

Заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“. Токму ова е насловот кој изминативе денови ги преплави македонските медиуми и ги изненади нивните фанови кои мислеа дека нивната љубов ќе трае вечно.

Точната причина за нивното раскинување засега не е позната, иако низ главниот град кружат разни муабети, а еден од нив е дека во нивната врска се вмешала трета личност и причината за крај на врската е неверство.

Имено, чаршијата веднаш почна со шпекулира со причините за раскинувањето на пејачот и пејачката. Шушкањата полека прераснаа во гласни муабети, а кога за нешто гласно се зборува тоа бргу стигнува и во јавноста. Така, гласините дека Антониа и Иван не се разделиле туку така зашто љубовта наводно избледела, а емоциите меѓу нив преку ноќ исчезнале, дојдоа до новинарите, односно медиумите.

Извори блиски до доскорешните вљубени естрадни уметници почнаа да раскажуваат дека во заднина на крајот на љубовта се крие неверство! Поточно, причината за крајот на љубовната романса е прељуба… И тоа женска, од страна на Антониа?

Имено, пејачката наводно во последно време станала забележително блиска со еден од своите колеги-музичари од придружната група која ја следи на настапите. Добро информираните велат дека се работи за сајзеристот Роберт Спaсенцовски, инаку син на познатиот фолк пејач Боби Спасенцовски.

И тука нема ништо чудно доколку нема вистина во тоа дека Антониа и младиот музичар станале повеќе од само колеги и поблиски од само пријатели? Прашањето е дали?

Ако е вистина, тогаш за прељубата да биде поболна, а неверството пожестоко, треба да се знее дека машкиот учесник во прељубата е всушност добар пријател и на доскорешното момче на Антониа, Иван.

Веруваме дека се сеќавате на проектот „Џокер“ кој токму Иван Јованов го промовираше некаде во април месец годинава (2022), презентирајќи и го на јавноста новиот проект со „ликот кој го крие ликот“, претставувајќи се со исто естрадно-уметничкото име како негативецот од стриповите и филмовите за „Бетмен“.

„Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – тврдеше тогаш Иван Јованов.

А всушност зад ликот на „Џокер“ се криеше токму неговиот пријател Роберт Спaсенцовски. Проектот мина како што мина, без којзане каков особен фидбек ниту меѓу публиката, ниту во медиумите, ама затоа доколку она што се случуваше потоа е вистина, може да се каже дека се граничи со „иронија на судбината!“

Дотолку повеќе што добро упатените велат дека Иван на својот пријател му помогнал и приватно кога наводно сите бегале од него, во моментите кога се нашол во една тешка животна ситуација.

За подоцна овој да му врати вака како што му вратил, секако, доколку во сето тоа има вистина, па „Џокерот“ да заврши во женски раце… Или поточно, доскорешниот пријател во прегратките на неговата девојка?

Екипата на естрадниот магазин Бекстејџ разговараше со Иван и Антониа, со цел од прва рака да ја дознае точната вистина.