👁️  586

Деменцијата е термин со кој се обележува процесот на опаѓање на менталните способности, кој е со доволна силина да го попречува секојдневниот живот. Иако многумина мислат дека е, деменцијата не е болест, туку термин кој опишува група симптоми поврзани со губењето на меморијата и другите вештини важни за размислувањето.

Алцхајмеровата болест е најчеста форма на деменција и ги зафаќа деловите од мозокот кои ја контролираат меморијата, говорот, расудувањето, размислувањето и другите когнитивни функции.

Имајќи предвид дека расте бројот на луѓето со деменција, би било пожелно да се обрне внимание на следните симптоми:

1. Краткорочна меморија

Типичен ран знак на деменција е губењето на краткорочното помнење. Еден од најчестите знаци е дека личноста ги губи основните работи како клучеви, телефон, далечински апарат или не се сеќава што јадела тоа утро.

Овие секојдневни појави често може да бидат ран показател за деменција, особено ако често се повторуваат.

2. Промени во расположението

Големите промени во расположението се уште еден ран знак на деменција. Ова е промена која заболените често не можат да ја забележат, но затоа има пријатели и членови на семејството кои треба да реагираат. Меѓутоа, многу луѓе промената на расположението ја припишуваат на други работи и не ја сфаќаат сериозно.

Бидејќи деменцијата влијае на расудувањето и самосвеста, помалку е важно како поединецот мисли дека се однесува или како се гледа себеси. Апатијата, во оваа смисла, е уште една промена на која треба да се внимава.

3. Губење на интересот

Друг ран знак на деменција е губење на интерес за секојдневните активности и хоби во кои личноста некогаш уживала. Ова е и симптом кој луѓето го игнорираат, бидејќи мислат дека е нормално да се изгуби интересот за работите што ги правеле на одредена возраст.

4. Недостаток на фокусот

Симптомите на деменција може значително да варираат од личност до личност и од состојба до состојба, но ако некое лице ги има претходните три симптоми и недостаток на фокус, т.е. неможноста да го задржи своето внимание на било што, треба да се консултира со својот избран лекар.

5. Избрзани одлуки

Секое невообичаено и непромислено дејствие кое не е нормално за некоја личност е потенцијална причина за загриженост. Пример за тоа би била одлуката да се исфрлат одредени работи од дома или да се носи зимска облека во лето.

6. Дезориентираност

Заборавањето на едноставни и познати рути е симптом на деменција. Човек кој е дезориентиран треба да се следи, а не да не зборуваме, бидејќи може да се изгуби или да заврши на опасни места.

7. Збунетост

Лицето со деменција има потешкотии да формулира реченици што звучат значајно и се бори правилно да ги изрази своите мислења.

8. Познатите задачи стануваат предизвикувачки

Едноставните и познати задачи како правење кафе или заклучување на вратата можат да станат предизвик за оние кои страдаат од деменција бидејќи функцијата на мозокот и когнитивната активност почнуваат да се влошуваат, пишува „Сан“.