👁️  26

Во Брисел продолжува полициската потрага по човекот осомничен за убиството на двајцата шведски државјани и ранувањето на трето лице во нападот што белгискиот премиер Александре де Кро го оквалификува како терористички, јави ДПА.

-Вчера три лица излегоа со намера да одат на прекрасен фудбалски празник. Двајца од нив го загубија животот во брутален терористички напад, изјави Де Кро на прес-конференција утринава.

– Се верува дека осомничениот е маж со туниско потекло кој илегално живеел во Белгија, рече Де Кроа.

-Сторителите конкретно ги нападнаа шведските навивачи кои дојдоа во Брисел на фудбалскиот натпревар на „црвените ѓаволи“, рече премиерот, мислејќи на натпреварот меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел, кој беше прекинат по прво полувреме поради нападот.полувреме 1-1.

-Терористите мора да разберат дека никогаш нема да успеат во својата намера. Никогаш нема да успеат да ги потчинат нашите слободни општества. Со својата омраза и насилство тие само покажуваат немоќ, рече Де Кро.

„Тероризмот никогаш нема да не победи“.

Де Кроа посочи дека полициското присуство во белгискиот главен град ќе биде зголемено.

Мерките за безбедност, исто така, ќе бидат зголемени на голем број чувствителни локации, особено оние поврзани со шведската заедница, рече тој, а проверките ќе бидат засилени во остатокот од Белгија.

Де Кро ги повика сите во Брисел да бидат внимателни. Попладне ќе заседава Советот за национална безбедност, додаде премиерот на Белгија.