Излезе првата снимка од Виктор Осимен по вчерашниот скандал кој го направи Наполи на социјалните мрежи, се гледа дека напаѓачот е погоден од тоа што се случи.

Фудбалерите на Наполи се собираат во тимскиот хотел пред вечерашниот меч против Удинезе.

Пристигна и Осимен, видно лут, се поздрави со тимскиот менаџер Џузепе Санторо, но не и со соиграчите Деме и Зиелински.

Осимен е во составот за вечерашниот меч и се очекува да биде стартер.