👁️  26

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе донесе мигранти во Брисел и ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ.

-Ќе донесеме мигранти од Будимпешта во Брисел и ќе ги оставиме пред канцелариите во Брисел. Ако ги сакаат, нека ги задржат, изјави Орбан на собранието на италијанската десничарска партија Лига во Понтида кај Бергамо.

Неговите зборови беа придружени со громогласен аплауз од членовите на таа партија, со извици „Орбан, Орбан, Орбан“, пренесоа италијанските медиуми.

-Не верувајте дека тоа е невозможно, ние сме жив пример, додаде Орбан, потсетувајќи дека „во Унгарија бројот на мигранти е нула“, бидејќи, како што наведе, неговата земја „не ја предава својата земја на други“.

Според него, унгарските власти не дозволуваат влез на илегални мигранти во земјата.

-Ќе ги браниме границите. Оние кои сакаат да влезат мора да чекаат дозвола и тоа мора да го направат надвор од нашите граници, рече Орбан.

Кога станува збор за социјалната политика, „во Унгарија – таткото е маж, а мајката е жена, така ќе остане дури и ако меѓународната левица е против тоа, нагласи тој.

-Денес Унгарија е најбезбедната земја во Европа, заклучи Орбан.

фото: ЕПА