![](https://analitikum.mk/wp-content/uploads/2022/09/FB_IMG_1663251444869.jpg)
Проектот за изградба на фитнес центар на отворено е реализиран. Врз основа на претходно потпишан Меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во Пелагонискиот регион помеѓу Про локал и општините: Могила, Новаци, Крушево, Ресен, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани, во соработка со Здружението за унапредување на демократските процеси Про Локал од Битола, се реализира проект кој финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија преку Програмата МАТРА.
Целта на оваа соработка е преку имплементација на проектот „ Зајакнување на луѓето во Пелагонија“ активно учество на младите луѓе од руралните средини и зајакнување на демократските процеси на локално и регионално ниво.
![](https://analitikum.mk/wp-content/uploads/2022/09/FB_IMG_1663250999562.jpg)
Вкупниот износ на спортската теретана на отворено 260.836,00 денари од кои 2000 евра од Здружението Пролокал и донаторот Холандска Амбасада а остатокот од сумата е обезбеден од буџетот на Општина Могила со одлука на Совет.