👁️  26

Ураганот Отис се движи кон популарното одморалиште Акапулко и се подготвува да стигне на брегот на Мексико во Тихиот Океан како „исклучително опасна“ бура од петта категорија.

Отис се очекуваше утрово да дојде до брегот, носејќи силен ветер и обилен дожд. Вчера доцна попладнето веќе беше ураган од четврта категорија, со максимални постојани ветрови од 233 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).

До 18 часот по локално време, или на полноќ по Гринич, Отис беше на околу 137 километри југо-југоисточно од Акапулко и ќе продолжи да се засилува пред да дојде до копното, додаде НХЦ. Сепак, кога Отис ќе стигне до брегот, треба брзо да ослабне.