Пациентите кои примаат терапија за леукемија се жалат дека повеќе од еден месец не ја примиле терапијата поради доцнење на набавката на лековите од страна на надлежните.
Сега моментално околу месец и половина немам лекови никакви не пијам, на контрола не сум бил, не ни сакам да одам. Во тек е вика имаше тендер распишано преку клиника, рекоа дека е пуштен и со министерот за здравство бевме во контакт со Пепко Леви и му кажа дека за две-три недели ќе ги набават лековите и ќе биде се океј, па сега ќе видиме дали ќе биде така или не“, вели пациентот Зоран Ристовски, кој во 1995 година го добил резултатот дека боледува од Хронична Миелоидна леукемија.