👁️  1062

Поради високите сметки за струја кои почна да ги добива Јавното претпријатие Колекторски систем, може да дојде до еколошка хаварија на Охридското езеро, поради неможноста претпријатието да ги плати, објави Алсат М. Тоа може да доведе до исклучување на колекторскиот систем од струја. Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и може сите во еден ден да бидат исклучени.

Екологистите предупредуваат дека ова неработењето на системот за прочистување на отпадната вода ќе значи директно излевање на фекалии во езерото.

Стравувањата се уште поголеми ако се знае дека доаѓа зима, а сметките за струја сигурно ќе бидат поголеми. Дополнително, јавното претпријатие има долг од околу 1 милион евра за неплатени сметки за струја.