Македонската машка одбојкарска репрезентација по еднодневната пауза по учеството на Меморијалот „Чајка“ од стартуваат со финалните подготовки во СЦ „Борис Трајковски“ за настапот на Европското првенство кое од 30. август стартува во Скопје.

За избраниците на селекторот Јошко Миленкоски следи фналната подготвителна фаза по одигрувањето на тест натпреварите.


На тренинзите од денеска се враќа и повредениот Филип Маџинков кој ја санираше повредата на коленото.

Првиот натпревар на Европското првенство Македонија го игра против Данска на 30. август. Данците наредниве денови ќе одиграат четири контролни натпревари на турнир во Хрватска.