Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 26.09.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,137% или за 17,200 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 0,689% или за 6,750 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,854% или за 7,900 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,990% или за 10,850 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 63,4142 ден/$ и е за околу 2,542% повисок од курсот на доларот (61,8424 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и одредбата дефинирана со член 8 став (3) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,06%.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 91,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 87,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,768 ден/кг.
Од 1.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,768 (денари/килограм)