👁️  656

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цените на горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на  бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,686 ден/кг и сега ќе изнесува 39,370 ден/кг.

Ова се цените на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,370 (денари/килограм)