👁️  72.823

Од денес ќе можете да аплицирате за термин за германска виза – неквалификувани работници.

Апликациите за термин за месец декември може да се регистрираат во листата за чекање за термин од 01.11.2022 од 10:00 часот до 09.11.2022 во 15:00 часот.

Доколку сакате да аплицирате потребно е да имате пасош со важечки датум. Податоци кои треба да ги пополните при апликација:

  • Презиме
  • Име
  • Е-маил
  • Е-маилот го пишувате повторно
  • Број на пасош
  • Матичен број
  • Кодот бројки и букви даден на сликата

После апликација ќе добиете е- маил со потврда на вашата апликација – референтен број.

Директен линк за апликација –ТУКА.

За да бидите во тек дали сте добиле или не термин и повеќе информации бидете дел од фејсбук групата на линкот –ТУКА.