👁️  26

Уставниот суд ја објави Одлуката со која се укинуваат одредби од закони и подзаконски акти кои опфаќаат „припадност на заедница” при вработување во јавниот сектор.

Одлуката во пракса значи укинување на т.н. „балансер“ – софтверската алатка преку која во државната администрација се вработуваа припадници на немнозинските заедници во државата, според етнички „клуч“.

Одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и таа нема да важи ретроактивно, што значи дека луѓето кои се вработиле преку „балансерот“ ќе ги задржат работните места. Дарко Костадиновски, претседателот на Уставниот суд, информираше дека Судот при градењето на својот став во овој предмет, го имал предвид и Извештајот за 2023 година на Европската комисија, разни споредбени решенија, но и одлуки, како што е Пресудата на Врховниот суд на САД (Students for fair admissions v. President and fellows of Harvard College, 2023).