👁️  33

Во Италија викендов е на ред дербито дела Мадонина, во кој се среќаваат Милан против Интер.

Новиот фудбалер на „росонерите“ Кристијан Пулишиќ е уверен дека неговиот клуб го има потребниот квалитет за да направи разлика и предност пред конкуренцијата и дека и сезонава можат да го освојат Скудетото.

Милан има скоро совршен старт на новата сезона, добивајки ги сите натпревари, што најавува веројатно одлична сезона за нив.

„За мене немаше дилема дека сакам да потпишам со Милан, пред се поради фановите, ја видов нивната страст во навивањето. Сан Сиро е импресивен стадион и среќен сум што ќе настапувам овде. Сега играме дерби против Интер, тие се силна екипа и секогаш е тешко да се игра против нив, тоа се покажа и во ЛШ“.

„Сонувам да постигнувам голови и асистенции за Милан, со нетрпение чекам да го облечам дресот на Милан во рамки на ЛШ. Јас сум хипер компетитивен и во клубот очекуваат многу од мене. Сметам дека имаме квалитет да извојуваме победа на секое дерби. Имаме добар старт на сезоната и верувам дека тоа ќе продолжи. Сакаме да го победиме Интер и ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат“, порача Пулишиќ.

Натпреварот се игра во сабота од 18 часот, а освен ова дерби, ќе има уште едно, Јувентус ќе го пречека составот на Лацио.