👁️  19

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев имаа свое тениско шоу во Њујорк и покрај тоа што финалето на Ју-Ес Опен заврши во три сета, а подоцна во неколку ситуации ја изнасмеаја публиката на трибините.

Самиот Медведев беше расположен и искрен и покрај тешкиот пораз, а возврати и Ѓоковиќ, кој како победник, втор доби шанса да зборува пред фановите.

– Бев овде пред две години (победа во финале) и тогаш ви зборував за убавиот подарок кој и го приредив на сопругата. Невообичаено е што нашата годишнина повторно се падна во недела, сакав да го повторам успехот, но добив само г…а, – рекол Медведев, за подоцна оваа тема да добие продолжение во говорот на Ноле.

– Те молам, немој да го сфатиш ова погрешно, но среќна годишнина на бракот од срце. Да знаев дека ви е годишнина, можеби и резултатот… знаеш веќе, – порача српскиот тенисер.

Novak Djokovic wishes Daniil Medvedev a happy anniversary at US Open:

“Please don’t take this the wrong way, happy anniversary to your wife. Im sorry. It comes from a good place. If I knew the anniversary was today, maybe.. you know.. the result.” 😂❤️ pic.twitter.com/pnK6A19Yqu

— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 11, 2023