👁️  2042

Малкумина знаат дека новиот британски Крал Чарлс ја посети Македонија. Тоа се случи во ноември 1998 година. Не можат да се најдат многу информации за целта на неговата посета но од она што се знае е дека тој имал прием во хотелот „Континентал“.

Од пред 24 години датира и фотографијата на тогашниот принц со гитаристот Влатко Стефановски. На средбата Влатко на Чарлс му го подарил цедето од тогаш новиот албум „Џипси Меџиќ“.

Исто така имал средба со првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, но и дека бил во работна посета на Охрид.