👁️  936

Новинарот Зоран Божиновски ќе се жени. Ја побара за сопруга неговата долгогодишна избраничка Панда Солунчевска.

Запросувањето било спектакуларно, односно новинарот клекнал на колена давајќи и го прстенот на Солунчевска. Сето тоа самиот го објави на својот фејсбук профил, за што приложи и фотографии од среќниот момент.

Инаку, запросувањето беше точно на 56 роденден на новинарот.

„Повеќето мои родендени од вкупно 56 до денес, се трудев да си ги направам интересни и возбудливи. Па така и овој си го направив таков, по 80 дневни подготовки летово во Задар на преубавиот Јадран, смислив да решам на овој датум да ја побарам за жена ПАНДА СОЛУНЧЕВСКА. За оваа пригода набавив прстен на кој ЈАСНО пишува што треба да каже на моето клучно прашанје. Вистинскиот одговор е YES, ја носи заедно со мене во поубава и посреќна иднина од довчерашната…

Ја прашав и рече: YESSSSSS ,,!!!,,Нека ни е со среќа…“, напиа на фејсбук Божиновски.