Контекст објави нови работни места за своите долгогодишни партнери во Германија.

ПОЗИЦИЈА: Внатрешно и надворешно чистење на авионот

Вашите задачи:

  • Внатрешно чистење на авионот – патнички дел, кокпит, санитарни и кујнски простории
  • Промена на навлаките на седиштата и потпирачите за глава и опремување на кабината на авионот со предмети потребни за време на летот
  • Чистење на надворешноста на авионот
  • Завршување на работните активности во даден временски рок

Вашиот профил:

  • Пожелно е работно искуство, но и почетници се добредојдени
  • Добра физичка подготвеност
  • Подготвеност за работа во смени, недели и државни празници
  • Одговорна личност, способна за тимска работа и пред се флексибилна
  • Познавање на германски или англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија

Што ви нудиме:


  • Договор за трајно вработување со многу привилегии и можност за напредување
  • Плата од минимум 13.38 евра по час бруто
  • Додатоци за ноќна смена, недела и државен празник без даноци – а ноќен труд (25-30%), работа во недела (80%) и работа на празник (зависи дали е федерален државен празник или на покраина 150%-200%).
  • Бесплатни доквалификации и јазични курсеви
  • Флексибилни смени

Ние се грижиме за:

  • Сместување во апартмани на нашата компанија, до кои може да се стигне со јавен превоз и автомобил во рок од 20 минути. Сместувањето го плаќате од плата, не сте обврзани да плаќате однапред за истото.

-Пријава во општина при пристигнување, регулирање на престој, спојување со вашето семејство, помош при пронаоѓање соодветно училиште за вашите деца
соодветно германско здравствено осигурување
отварање на банкарска сметка како и LST-ID

Работно време и смени:

  • Подготвеност за работа во смени – прва смена или утринска, втора смена или попладневна и двократно и ноќна смена.
  • За двократната смена има премија од 20 евра по смена плус на саатницата.

За повеќе информации за оваа работна позиција, побарајте нé нa:
Тел: + 389 78 274 420; и испратете ни ваша биографија на vrabotuvanje@kontext.mk.