👁️  40

Експлозијата што се случи синоќа во центарот на Смедерево ја предизвикала активирана бомба во зграда во улицата Слобода, јавува Нова.рс.

Како што неофицијално пишува медиумот, експлозивот го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка расправија со станарите на кои го издавал станот. Наводно, причина за кавгата била неплатена кирија.

Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но станарите не му дозволиле. После тоа се обидел да постави бомба во станот. Тој се разнел, додека две лица се повредени.

Во експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во зграда во центарот на Смедерево, едно лице загина, а уште две се повредени. Експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата, кој е уништен како и двата ката подолу. Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.