👁️  2014

Дваесет и осумгодишен скопјанец починал, додека неговиот сопатник со тешки телесни повреди е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по тешката сообраќајна несреќа што се случила ноќеска по полноќ во скопско Волково, кога патничко возило од марката „мини купер“ се превртело и запалило, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 28.10.2022 во 3:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. 60 и ул. 58 во с. Волково, Скопско, патничко моторно возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С. (26) од с. Волково и А.Г. (28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, додаваат од МВР.

Извори од МВР за Телма додаваат дека А.Г. починал на самото место, откако возилото со кое се превезувале, со голема брзина удрило во камен по што се превртело и запалило.