Дизелот од полноќ поевтинува за два денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините и на мазутот останува иста.

Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар.