👁️  26

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја оправда улогата на фаворит против Тејлор Фриц во четвртфиналето на УС Опен.

Српскиот тенисер славеше и во осмиот меѓусебен дуел со деветтиот тенисер на АТП листата, а до пласман меѓу четирите најдобри на последниот Грен слем сезонава стигна по нешто повеќе од 2 часа и 30 минути игра – 3:0 (6:1, 6:4, 6:4).