👁️  12

Доналд Трамп води пред демократскиот претседател Џозеф Бајден за шест отсто во анкетата на „Ројтерс/Ипсос“.

Националната анкета на 1.250 американски испитаници покажа дека Трамп води пред Бајден со 40 наспроти 34 отсто, а преостанатите се неодлучни или планираат да гласаат за некој друг или за никој. Анкетата имаше маргина на грешка од три отсто, објави „Ројтерс“.

Тоа е победа за Трамп откако анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ претходно овој месец покажа дека тој и Бајден се изедначени.

Додека Трамп лесно го победи својот единствен преостанат противкандидат во прелиминарните избори, Ники Хејли, околу 67 отсто од испитаниците анкетирани од понеделник до среда, рекоа дека им е „заморно да гледаат исти кандидати на претседателските избори и сакаат некој нов“.

„Мразам да мислам дека постојано се движиме низ помалото од две зла“, рече оваа недела Кимберли Софге, 56-годишна проект-менаџерка од Вашингтон. „Искрено, чувствувам дека можеме подобро“.