Нов убедлив пораз за ТФТ во АБА2 лигата

Екипата на ТФТ доживеа нов убедлив пораз во АБА2 лигата на турнирот што се игра во Суботица.

Во првото коло клубот од Тафталиџе беше надигран од Златибор со 93:74, додека пак вечерва поуспешен од нив беше составот на Широки Бријег и тоа со резултат 85:66.

Нашиот прволигаш не можеше да смета на неколку важни играчи како Марковски, Симонс и Морган и сето ова придонесе за слабото издание, доминацијата на противникот.