Ноќ за заборав на Лукаку: Реми како пораз за Белгија, Хрватска е осминафиналист

Ромелу Лукаку додека играше за Интер важеше за една од најубиствените деветки во фудбалот, но откако се врати во Челзи, не може да се врати во старата форма па дури и поради фактот што е на позајмица во Милано.

Центарфорот кој тукушто се врати од повреда го понесе и епитетот на трагичар на Белгија на Светското првенство (СП) во Катар. Промаши две неверојатни шанси против Хрватска кои ги чинеа „црвените ѓаволи“ осминафинале.

Фудбалската репрезентација на Хрватска одигра реми против Беллгија (0-0), во одлучувачкиот натпревар во групата Ф на Светското првенство. На средбата на „Ахмад бин Али“ хрватските фудбалери имаа своја математика, дека бод ги води во осминафиналето на Мундијалот. Иако и избраниците на Златко Далиќ имаа свои шанси, имаа доза на среќа бидејќи Белгијците во вториот дел имаа неброени шанси.