Научно фантастичната семејна драма ги освои наградите за најдобар филм, најдобра женска улога, режија, монтажа, оригинално сценарио, споредна женска улога и споредна машка улога. „На запад ништо ново“ освои четири статуетки, а филмот „Кит“ освои две
Еден од фаворитите на годинашното доделување на најзначајните филмски награди, филмот „Се во исто време“ си замина дома со не еден, не со два, туку со седум Оскари! Оваа интересна научно фантастична семејна драма ги освои наградите за најдобар филм, најдобра женска улога, најдобра режија, најдобра филмска монтажа, најдобро оригинално сценарио, најдобра споредна женска улога и најдобра споредна машка улога.
Воената драма „На запад ништо ново“ освои четири статуетки, а филмот „Кит“ освои две.
Оскар за најдобар филм го доби „Се во исто време“, Брендан Фрејзер беше прогласен за најдобар актер за улогата во филмот „Кит“, а Мишел Јео ја однесе златната статуетка во категоријата најдобра актерка за настап во филмот „Се во исто време“.
„Оскарот го посветувам на мајка ми, на сите мајки, тие се суперхерои и без нив никој од нас не би бил тука. Ви благодарам што ми дадовте можност да бидам тука и да бидам суперхерој. Ѝ благодариме на Академијата, ова е историја е во тек!“, рече Мишел, која стана првата актерка со азиско потекло која освоила Оскар за главна женска улога.