Баерн Минхен разговара за тајмингот на враќање на голманот Мануел Ноер на теренот. Според „Билд“, во баварскиот клуб се верува дека 37-годишниот Германец нема да може да игра до 2024 година.

Фудбалерот веќе почна да закрепнува од операција за отстранување на металните импланти од десната фибула, но му треба уште време, па Баерн летово би можел да потпише нов голман.