👁️  5

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун планира овој месец да отпатува во Русија да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за можноста за снабдување со севернокорејско оружје за руската инвазија на Украина, објави денеска Њујорк Тајмс, повикувајќи се на американски и други извори.

Ким би отпатувал од Пјонгјанг, можеби со оклопен воз, до Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде ќе се сретне со Путин, пишува Њујорк Тајмс.