👁️  19

Ние не комуницираме со Заев, ние го пензиониравме него на локалните избори. Ние политички го пензиониравме. Заев даде оставка по поразот на локалните избори, а тој беше резултат на ова раководство кое е сега на ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата 360 Степени, а говорејќи за обвинувања за соработка на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ.

Николоски укажа дека по изборите кога ќе се смени власта ќе се испита работата на Заев.

„По промената на власта детално ќе ја испитаме неговата работа и доколку има одговорност ќе одговара“, кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека нападите од партијата сега се кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ.

„Додека беше претседател на партијата и на Владата логично ударот да е кон него, кон Заев, а сега е кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, двајцата како двоец“, заклучи Николоски.