👁️  124

Министерот за транспорт, Александар Николоски на денешната прес-конференција ги презентираше наводите во извештај на Државниот завод за ревизија за реализација на капитални инвестиции, а во однос на состојбата во ЈП државни патишта и ЈП железници инфраструктура за кои потенцира дека покажувале сомнеж во реализација на проектите и трошењето на народните пари.

„Во повеќегодишната Акциска програма за животна средина и климатски акции и транспорт од ИПА 2, Македонија има искористено многу малку. На располагање се 7 проекти, од кои два се во областа на транспортот и 5 во областа животна средина. Проценетата вредност е 715 милиони евра од кои финансиска помош преку ЕУ од неповратни средства од кои 80 милиони евра. По 10 години од програмскиот период започнато е со реализација, само на три проекти кои се стопирани или имаат бавна динамика и за кои има декларирано и трошоци од вкупен износ од 29 милиони евра. Овде има и ризици за арбитражи”, истакна министерот Николоски, цитирајќи ги наводите во ревизорскиот извештај.

Првиот ризик, како што посочи, министерот Николоски, е експресниот пат Прилеп – Градско кој се уште е во изгрaдба и за кој во моментов за Македонија постои опасност од арбитража каде државата дополнително би требало да плаќа за неизгрaден пат“. Според наводите во ревизорскиот извештај изградбата на делницата Градско-Дреново, Коридор 10 д е неизвесна и постои опасност од арбитража затоа што ЈП не ги почитувало своите обврски, потенцираше министерот Николоски.

Тој потенцира дека има зголемување за околу 80 милиони евра од првичната проекција и за изградба на втората фаза од автопатат од Блаце кон Скопје, за што ЈП за државни патиште не дале конкретно објаснување за потребата од зголемување на финаниските средства.

Осврнувајќи се на наводите од извештајот во делот железничката инфраструктура, тој потнецираше дека Коридорот 8 за прв пат е проектиран во деведесеттите години, а пругата кон Исток, фаза 1 и 2 започната уште во 1996 година и до денес не е завршена.

Повикувајќи се на информациите од извештајот на ДЗР, тој информираше дека вредноста на овие проекти е зголемена и платени се провизии за неповлечени средства во висина од 4,6 милиони евра поради неисполнети услови за ефективност на заемот во период од 7 години.

Министерот Николоски додаде дека во однос на железницата кон Бугарија го отвора најсуштинското прашање за изградбата на третата фаза од Коридорот 8. Според билатералниот договор меѓу Европската Унија и Република Макеоднија проценетата вредност била 340 милиони евра. До денот на ревизијата вредноста на проектот е зголемена на 560 милиони евра, што е зголемување од 220 милиони евра“, истакна министерот Николоски.

Николоски на денешната прес-конференција потенцираше на сериозен сомнеж за нерационално потрошени стотици милиони евра и повика Јавното обвинителство да ја испита работата на ЈП за државни патишта и ЈП Железничка инфраструктура.