НИКОЛОСКИ: Го осудувам бруталниот напад од Ковачевски врз медиумите и повикувам граѓаните да следат со какви луѓе имаме работа

Се работи за брутално загрозување на демократијата во Македонија. Ваков директен напад врз слободата на новинарството Македонија не памети. Мислам дека извинување е најмалку што може да се очекува, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање околу нападите на Димитар Ковачевски кон медиумите.

Тој додаде дека целата јавност треба да треба да има широко отворени очи бидејќи власта е свесна за поразот што ја очекува и ќе се обидува да опструира на секаков начин.

„Ова јасно говори за тенденциите на власта и затоа треба целата јавноста да има широко отворени очи во следниов период. Свесни се дека губат, нервозни се и ќе се обидуваат да го нарушуваат целокупниот демократски процес низ разни форми на притисок како што е овој притисок којшто го прават врз медиумите“, потенцираше Николоски и додаде:

„Наша поддршка за слободното и независно новинарство и да ги поддржиме новинарите да продолжат да си ја работат сопствената работа, а вакви како Ковачевски Македонија видела многу, но за среќа на Македонија и за нивна жал не завршуваат добро“.