👁️  47

Пејачот Никола Роквиќ по едномесечно пешачење пристигна од Белград во манастирот Свети Нектариј Егински во Грција, каде што се поклони пред неговите мошти.

Кога пристигнал во манастирот, децата му дале орден на Никола Роквиќ, а сега пејачот откри колку овој подарок му бил важен. Тој откри и дека медалот го направила многу важна личност која починала баш на денот кога тој пристигнал.

„Помислив во еден момент, како им било на нашите предци, кога се враќале живи од боиштата, како се чувствувале, ги преживеале битките и ги изгубиле најдобрите пријатели и другари… Тие ги положиле животите… Му реков на мојот кум Владо, дали може да го замисли тоа. Преживеале, среќни се, успеале, а сепак загубата е голема, најдобрите пријатели си заминале… Стигнав до целта… добив медал од моите деца… Медалот ми го направи мојот брат Бранислав Бабиќ, црквените ѕвона заѕвонеа…Душата моја лебдеше во краевите на Егина!!!. А мојот тим во тие моменти ме чуваше од многу тешко сознание“, напиша Роквиќ, а потоа продолжи:

„Кога зајде сонцето, мораа да ми кажат… Мојата душа, моето срце, мојата радост, мојот Банџи, ненадејно не напуштил баш на денот кога пристигнав… Роден на Свети Никола, почина на денот на преносот на моштите на Свети Никола…Душо моја, колку се грижеше за мене, колку ме научи за животот, 30 години другарувавме. Ти благодарам за другарството. Знам дека си на правото место, Вечна ти слава брате мој, напиша Роквиќ во емотивната објава.