👁️  5

Според новинарот на Би-Би-Си Курт Хелин Јокиќ во 2026 година, може да потпише договор вреден дури 404 милиони долари.

„Никола Јокиќ веројатно е најдобриот кошаркар на светот и минатата година потпиша нов договор со Денвер вреден 274 милиони долари. Сепак, благодарение на клаузулата која ја има во договорот, до 2026 година би можел да го потпише првиот договор во НБА-лигата кој ќе биде вреден 400 милиони долари. Поточно, Јокиќ може да добие 404 милиони долари за пет години и тие пари би ги добил без разлика дали ќе освои нова шампионска титула или повторно ќе биде прогласен за МВП на лигата. Тој кога ќе го потпишува следниот договор ќе има поминато повеќе од 10 години во НБА и ќе се квалификува да добие ваков договор“, напиша Хелин.