👁️  313

Медиуми: Приходите на рускиот буџет од извозот на енергенси ќе се зголемат за 38% во 2022 година.

Британската агенција Ројстерс, повикувајќи се на документи од германското Министерство за економија, пишува дека зголемувањето на извозот на нафта, во комбинација со поскапувањето на гасот, ќе го зголеми приходот на Русија од извозот на енергија на 337,5 милијарди долари оваа година, што е за 38 отсто повеќе отколку во 2021 година.

Скокот на приходите, доколку се случи, ќе помогне да се зајакне руската економија пред бранот западни санкции, пишува агенцијата.