Од утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од три до 12, а максималните од 10 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Минималната температура ќе биде 9, а максималната 17 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в петок и в сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата.