👁️  12

Утре во попладневните и ноќните часови на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролопки работи.

Минималната температура утре ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.

Од УХМР најавуваат дека и во текот на целата седмица ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.