👁️  82

Невреме проследено со град ја зафати Фрушка Гора, а во околината на Шид се урнаа три столба на далноводот, а околу 11.000 потрошувачи останаа без струја.

Како што јави РТС, утре се очекува продолжување на врнежите, кои во некои делови на Србија ќе имаат интензитет од просечната месечна количина на врнежи за овој период, поради што е издадено предупредување за излевање на помалите реки и формирање на поројни потоци.

Упатен е апел до граѓаните да не се движат во близина на поројни потоци во следните 24 часа.

Зголемен водостој се очекува на реките Колубара, Јадро, Лим, Лепеница, Млава и Тимок.

Поради очекуваните врнежи, единиците на Секторот за вонредни состојби се во состојба на готовност, а противпожарните и спасувачките единици и денеска беа во посета на терен и потенцијално критични места.

Временската прогноза за Белград утре предвидува до 60 литри дожд на метар квадратен во одредени делови од градот.