НЕСРЕЌА ВО КИНА: Загинаа 5 деца и 6 родители, а 24 се повредени кога школски автобус влета во група луѓе пред училиште во Таџан

Пет деца и шест родители загинаа кога школски автобус влета во група луѓе пред средно училиште во градот Таџан. Дваесет и четири лица се повредени.

Од повредените, едно лице е во тешка здравствена состојба, а 12 се стабилно.


Локални медиуми јавуваат дека автобусот изгубил контрола при приближување кон крстосницата и се забил во толпата. Возачот е приведен од полицијата и случајот се истражува.

фото: принтскрин