На терените на Ролан Гарос денеска стартуваа мечевите на вториот Гренд слем турнир во годината. Од досегашниот дел од програмата најголемите проблеми имаше францускиот тенисер Артур Геа, но тие не беа од спортски карактер, туку човечки проблеми.
Французинот побарал од судијата на стол да му дозволи да користи тоалет пауза во период кога не е предвидено.
– Имам диареа, морам во тоалет. Повеќе не можам да се движам, изјавил Геа.
Целата ситуација беше во периодот на првиот сет, а ривалот Карен Хачанов протестираше.
– Морав брзо да заминам во тоалет, беше потешко од вообичаено, навистина сум болен, објасни по мечот францускиот тенисер.
Хачанов го доби мечот со 3:0 во сетови (6:3; 7:6 и 6:0) и обезбеди второто коло.







