Претседателката на Европски парламент, Роберта Мецола го именува својот зет Метју Табоне за шеф на кабинет.
Табоне во ЕП работи од 2013 година, а сега ја презема функцијата од Летиција Зулета Де Реалес Ансалдо, која е именувана за директорка за односи со националните парламенти во ЕП.
Табоне со години е близок соработник на Мецола, а се ожени со нејзината сестра во 2015 година.








