👁️  12

Пред нешто повеќе од една година, НАСА ја промени патеката на метеорит што е релативно близу Земјата, и тоа првпат во историјата. Целта беше пробна проверка дали луѓето може да се заштитат од можна закана врз планетата во иднина. Но, се покажа дека погоденото вселенско тело се однесува на необичен начин.

Научниците со судирот постигнаа подобри резултати отколку што очекуваа.

Но, наставникот по математика и природни науки Џонатан Свифт и неговите ученици од Калифорнија, САД, го следеа метеоритот Диморф којшто се судри со вселенскиот брод „ДАРТ“ лани во септември. Набљудувањата се спроведени во училишната опсерваторија, пренесе „Њу сајентист“ (New Scientist).

Набљудувањата покажаа дека вселенската карпа почнала да забавува додека кружи околу метеоритот Дидимус, цела година по ударот. Според Свифт, метеоритот почнал да се движи побавно отколку пред судирот со Земјиното летало. Целта на „ДАРТ“ беше да се промени траекторијата на метеоритот Диморф. Неколку недели по судирот претходната есен, НАСА соопшти дека леталото можело да го забави метеоритот за речиси половина час.