👁️  5

Српскиот кошаркар Немања Бјелица од денеска е нов играч на Црвена ѕвезда, објави тимот преку социјалните мрежи.

Бјелица првпат црвено-белиот дрес го облече во 2008 година и остана две сезони во Белград, по што започна богата интернационална кариера.

Прво три сезони играше за Басконија, па потоа се пресели во Фенербахче, каде што ја играше најдобрата кошарка во кариерата, а во сезоната 2014-15 беше прогласен за МВП на Евролигата.