👁️  2441

Во вечерните часови започна бележењето на битолските улици, со соодветна машина за хоризонтално обележување на улиците.

Динамиката на бележење ќе биде согласно распоредот на најфреквентни улици во и околу централното градско подрачје, по што ќе следат периферните населби и селата.

Обврската која претходно по тендерска постапка беше доделувана на приватни фирми, од оваа година ќе ја извршува ЈП Паркинзи. Со обезбедувањето на ваков тип на машина, бележењето ќе се врши редовно и истото е според пропишани стандарди, што пред се ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.