👁️  1475

На социјалните мрежи се појави ново видео на кое се гледа како српската армија распоредува воена техника на границата со Косово.

На еден од русктие телеграм канали се појави идео од противракетна батерија од руско производство „Панцир С1“.Видеото е снимено на 10 километри од границата со Косово во месноста Рашка.Командантот на КФОР, генерал-мајор Ференц Кајари оцени дека нема потенцијален ризик од војна на Косово и рече дека со косовскиот премиер Албин Курти разговарал дека не е добро да се зборува за војна.

„Наједноставниот одговор е не. Мислам дека војната не е релевантно прашање, верувам. КФОР не виде никакви индиции за таков настан. Во овој дел нема опасност од војна, таму се НАТО и КФОР“, вели тој во интервју за РТК.

КФОР има свои ресурси и внимателно ја следи состојбата на административната гранична линија, а не забележале ништо посебно, ниту пак забележале некоја невообичаена активност, потврди Кајари.