👁️  33

Кумановката Гордана Филиповиќ со возилото управувала невнимателно, не застанала на пешачки премин и не ја намалила брзината на возење. Ова го истакна стручниот вештак во случајот за сообраќајната несреќа во која смртно настрада пешакот Слободан Ангеловски.

Беше прегазен во јануари минатата година во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје.

„Во овој случај невнимателно управување на патничкото моторно возило „БМВ“од возачот претставува основна причина за случување на незгодата. Врз основа на извршената анализа не најдов прекршок на пешакот, кој би бил причина за незгодата. Тој се движел правилно. Како што налага законот, на место на кое е дозволено да се движи и во ниту еден момент не прекршил ниту една законска одредба што се однесува на неговото учество во сообраќајот. Во конкретните околности, при наближување кон обележан пешачки премин, возачот требало да се движи внимателно, да ги приспособи брзината и начинот на движење на околностите, да запре пред пешачкиот премин и да го пропушти пешакот, а дури потоа внимателно го продолжи движењето. Во овој случај возилото не запрело на обележаното место, рече вештакот Перо Стефановски.

Филиповиќ не призна вина, а нејзината одбрана случајот се обиде да го претстави како “вина“ на сега покојниот пешак.

Така денес нејзиниот адвокат прашуваше со колкава брзина се движел пешакот, дали е дозволено да се движи од лево кон десно…